Тест на MAN диск-сопирачки

Предности за Вас

  • Висока безбедност заради константниот ефект на сопирање низ сите температурни опсези
  • Оптимална удобност при возење заради предвидливото чувство од сопирачката при константен притисок врз педалот
  • Долг работен век и ефикасност со оптимален волумен на абење

Локален контакт Брошура

MAN оригинални диск-сопирачки: Без компромиси кога станува збор за Вашата безбедност

Споредбата на производот извршена од страна на DEKRA* го потврдува исклучителниот квалитет на оригиналните делови од MAN: Комбинацијата од MAN оригинални диск-сопирачки и облоги за диск-сопирачки импресионира со своите перформанси во однос на сопирањето и абењето. За да можете безбедно да стигнете до Вашата дестинација секој ден.

Со споредбата на производот извршена од страна на DEKRA* нашите MAN оригинални облоги на сопирачки директно се споредуваат со производи од други производители. Резултатите дополнително го потврдуваат долгогодишниот развој и јасно укажуваат на безбедноста и економичноста.

MAN оригиналните облоги на сопирачки се соочуваат со споредбата на производ извршена од страна на DEKRA

Споредба на производ извршена од страна на DEKRA*

Споредбата на производот извршена од страна на независниот институт за тестирање DEKRA го потврдија неверојатниот квалитет и перформанси на нашите MAN оригинални облоги на сопирачки: Заедно со MAN оригиналните диск-сопирачки, паровите од облоги на сопирачки од различни производители беа подложени на тест за перформанси, абење и загревање. Сите три тестови беа извршени врз основа на општи прифатени стандарди. Резултат: Во сите три индивидуални тестови, нашите облоги на сопирачки јасно се прикажаа како супериорни во однос на сите тестирани производи од други производители. Со MAN оригиналните диск-сопирачки и облоги на сопирачки поставени во Вашето MAN возило значително ќе можете да ги почувствувате придобивките од зголемената безбедност и намаленото абење.

Воодушевевте се самите себе си: Деталите од споредбата на производот извршена од страна на DEKRA*, како и резултатите од индивидуалните тестирања се составени за Вас во одделна брошура.

Тестирани производи:

MAN оригинални облоги на сопирачки
Број на ставка 81.50820-6072
MAN Truck & Bus AG
Winkler облоги на сопирачки
Број на дел 327 929 059 00
Christian Winkler GmbH & Co. KG
Repstar облоги на сопирачки
Број на дел ME 031 50 001
TROST делови на возило

1. Тест за перформанси

Секогаш мора да се потпирате врз сопирачките на Вашето возило. Тестот за перформанси го мери ефектот на сопирање и стабилноста на облогите при моментот на сопирање во секакви ситуации на употреба. Со EG-Fading тестот, контролорите можат да го измерат хемискиот/физичкиот ефект од намалувањето на ефикасноста на сопирањето како што се зголемува температурата.

Кај споредбата на производот извршена од страна на DEKRA* MAN оригиналните облоги на сопирачки воодушевија со својот константен момент на сопирање. Максималната девијација во рамки на моментот на сопирање изнесува единствено 4,5 проценти, дури и доколку температурата се искачи на 500°C. Според тоа MAN оригиналните облоги на сопирачки обезбедуваат апсолутно сигурен момент на сопирање - во секоја ситуација.


Девијација од излезниот момент на сопирање под влијание на температурата

2. Тест за абење

Работниот век на облогите на сопирачките директно влијае врз економичноста на Вашето возило. Особено важна е серијата од тестови во температурниот опсег од 300°C. Овој тест одговара на оперативно работење под нормални патни услови.

При споредбата на производот извршена од страна на DEKRA*, MAN оригиналните облоги на сопирачки покажаа најмало абење во опсегот од 100°C до 300°C. MAN оригиналните облоги на сопирачки исто така освоија и уште повеќе поени заради: Облогите имаа најмала тежина од сите други производи што имаа иста дебелина на облога. Заради малата тежина на облогата, исто така се намалува и оптоварувањето врз останатите компоненти од системот за сопирање, и притоа MAN оригиналните облоги на сопирачките значително можат да го продолжат времетраењето на користење на целиот склоп на диск-сопирачката од Вашето возило.


Резултати од тестот за абење

  MAN оригинална
облога на сопирачка
TROST Repstar
облога на сопирачка
Winkler
облога на сопирачка
Абење на температура од 100-300°C 6,24 mm 6,81 mm 8,80 mm

3. Тест со загревање

Доколку кај Вашето возило се јави целосен дефект кај диск-сопирачката, во тој случај ќе биде потребно да се изврши многу скапа поправка. Кога и зошто се јавува такво напукнување, во голема мера примарно зависи од тоа колку добро диск-сопирачката и облогата на сопирачката функционираат заедно под температурно влијание. Заради нерамномерната распределба на температурата помеѓу дискот и облогата, доаѓа до термални напрегнување внатре во диск-сопирачката што евентуално доведува до напукување во материјалот на дискот. Возможниот замор на материјалот од кој е направена диск-сопирачката се проверува со топлотен-шок тест.

Со цел да може да се избегне замор на материјалот врз Вашите диск-сопирачки, ние поставуваме исклучително висок стандард за нашите диск-сопирачки: Единствено по успешно извршени триесет тестови, сметаме дека материјалот го има поминато тестот со загревање. При споредбата на производот извршена од страна на DEKRA*, единствено комбинацијата со MAN оригиналните облоги на сопирачки ја постигнаа предвидената цел.

Резултати од тест со загревање

MAN облога на сопирачка

MAN оригинална облога на сопирачка

Извршени циклуси на тестови: 30

TROST облога на сопирачка

TROST Repstar облога на сопирачка

Извршени циклуси на тестови: 5

Предвремено прекинување на тест заради пукање на диск!

Winkler облога на сопирачка

Winkler облога на сопирачка

Извршени циклуси на тестови: 6

Предвремено прекинување на тест заради пукање на диск!

* Тестовите се извршени согласно со меѓународно признаените прописи, како и надгледувани и документирани од страна на независниот германски институт за тестирање DEKRA. Документираните тестови не претставуваат репрезентативни тестови. Резултатите не можат да се генерализираат. Резултатите што се објавени овде исклучиво се однесуваат на производите наведени во тестот, а на и на останатите производи што ги има на пазарот. Извештаите од тестирањето извршено од страна на DEKRA се доставуваат до MAN Truck & Bus и можат да се прегледаат во секо време.


Ние сме овде за Вас

MAN е професионален партнер кој е секогаш на Ваша страна: Дознајте повеќе за нашиот севкупен делокруг на услуги или контактирајте нè.

Преглед на услуга

Преглед на услуги

Бидејќи најдобрите услуги можат и најдобрата работа да ја направат уште подобра. Овде дознајте повеќе за услугите што ги нуди MAN.

Кон преглед на товарно возило

Контакт за сервис

Формулар за контакт

Дали имате какви било прашања во врска со понудата на услуги од MAN? Ве молиме контактирајте нè. Со задоволство ќе Ве информираме.

Пребарување за сервисни центри на MAN

Пронајдете сервисен центар на MAN

Со пребарувањето за работилница и овластен продавач, ќе ја пронајдете правилната личност за контакт со MAN во Ваша близина.