MAN оригинални делови

Оригинални делови

Предности за Вас

  • Квалитет, сигурност и безбедност
  • 2-годишна гаранција на MAN сервисот и деловите што важи насекаде низ светот
  • Намалени посети на сервисна работилница, долгорочно намалени оперативни трошоци и зголемена вредност на препродажба
  • Снабдување со залихи на делови за сите типови на возила на MAN – како и за постари модели и специјални возила
  • Снабдување со делови преку ноќ од страна на Европскиот логистички центар

Локален контакт Брошура за гаранција

MAN оригиналните делови секогаш преставуваат прв избор.

Оној кој ќе се одлучи за MAN, избира одличен квалитет. Зошто да се задоволувате со помалку и кога се работи за резервни делови?

Квалитет во којшто може да имате доверба

MAN оригиналните делови Ви овозможуваат да се воодушевите од најдобриот квалитет. Деловите се изработуваат според упатствата на MAN и внимателно се проверуваат за придржување кон нашите стандарди за квалитет, и со тоа овозможуваат највисока сигурност и ефикасност. Со нив добивате и 2-годишна гаранција што важи насекаде низ светот за MAN сервисот и деловите.

Навремена логистика на делови.

За да го намалите времето на застој во случај на дефект, голем дел од MAN оригиналните делови се достапни во нашите овластени сервиси – како и за постари модели и специјални возила. 95 проценти од сите специјални делови што недостасуваат се испорачуваат преку ноќ до сервисната работилница од страна на опремениот центар на MAN - Европски логистички центар (ELC). Вие сте во предност со оптималните логистички процеси во поглед на подобрената можност за нарачка и рокот на испорака, како и краткото време за сервисирање во сервисните работилници.

MAN оригинален комплет за поправка на мотор

MAN оригинален комплет за поправка на мотор

За да го продолжите работниот век на Вашиот мотор, ние секогаш се фокусираме на ефикасен сервис: Скратете го непотребното време на застој со MAN комплетот за поправка на мотор што можете да го добиете за привлечна цена. 100 проценти совршено совпаѓање – со тоа Вашиот оригинален MAN ќе ја задржи својата оригиналност.

Отвори видео


MAN оригинални делови ecoline и ecoline+

Со MAN оригиналните делови еcoline и со MAN оригиналните мотори еcoline+ заштедувате во голема мера и истовремено ја заштитувате околината! Оваа понуда е специфично предвидена за постари возила.

Старото го заменуваме со ново

MAN оригиналните делови ecoline преставуваат веќе користени MAN оригинални делови од MAN возила што повторно целосно се обработуваат според највисоки стандарди. Истото вклучува:

  • темелно чистење
  • точна проверка
  • грижливо обработување, како и
  • замена на сите делови што подлежат на абење.

Со ова интензивно обработување, квалитетот на MAN оригиналните делови ecoline, одговара на квалитетот на еден нов MAN оригинален дел. Исто така, ќе ја добиете и истата гаранција како за нови MAN оригинални делови.

Преземи леток „СТАРОТО ГО ЗАМЕНУВАМЕ СО НОВО“

Еколошки и економично убедливи

Трајноста на MAN оригиналните делови ecoline во голема мера се исплати за Вас. Бидејќи не мора да се произведуваат нови делови, се заштедува на трошоци и се заштитува околината:

  • Зачувување на ресурсите
  • помала потрошувачка на енергија
  • испуштање помала количина на CO2

Преземи брошура „РАЗМИСЛУВАЈ ЕКОЛОШКИ - ДЕЛУВАЈ ЕКОНОМИЧНО“

ecoline доби одликување за издржливост

Врвен квалитет за врвни услови: ecoline доби одликување за издржливост

Признанието за еколошко обработување на старите делови, MAN го доби со доделувањето на Европската награда за транспорт и издржливост преку списанието за „Транспорт на стоки“. Признати се проминентните и издржливите капацитети во склоп на браншата на користени возила. Оваа награда треба да ги поткрепи друштвата од транспортната бранша во одржливата трговија.

MAN оригинален мотор ecoline+

Со MAN оригиналниот мотор ecoline+ добивате особено економична и еколошка верзија на комплетен мотор.

Дополнителни информации

кон MAN оригиналните делови ecoline и ecoline+ ќе најдете во
MAN After Sales Portal.

Портфолио на MAN оригинални делови ecoline и ecoline+

Погонска група: Оскен преносник, карданско вратило, спојка, помошен погон, разводен менувач, менувач

Електрика: Тахограф, генератор, стартер

Рамки: Преносник на управувач, пумпа за управување, систем за управување

Воздух/Сопирачки: Спојка на сопирачка, цилиндар на сопирачка, EBS модул, воздушен компресор, сушач на воздух, вентили на систем за сопирање

Ладење: Компресор за разладно средство, пумпа за разладно средство

Гориво/Издувен гас: CR вбризгувач, филтер за дизел честички, држач за вбризгувач, пумпа за вбризгување, DeNox модул за напојување

Компоненти за мотори: Повторно обработени компоненти за мотори (Турбо полнач на издувни гасови, работилка, замавник, глава на цилиндар)

Мотори

  • MAN оригинален мотор ecoline: Мотор што е дел од сериско производство, опремен и доставен со компоненти од линијата на производи MAN оригинални делови ecoline (замавник, пумпа за вода инт.).
  • MAN оригинален мотор ecoline+: Моторот, што веќе се користи во одредено MAN возило, ќе биде обработен како дел од фабричкиот процес за обработување со детално подготвени компоненти и дефиниран опсег на MAN оригинални делови.

Споредба на MAN мотори

  MAN оригинален мотор MAN оригинален мотор ecoline MAN оригинален мотор ecoline+
  Нов мотор спремен за работење дел од сериско производство, вклучително компоненти за периферните делови на моторот. Мотор што е дел од сериско производство, спремен за работење и доставен со компоненти од линијата на производи MAN оригинални делови ecoline (замавник, пумпа за вода инт.). Веќе користен мотор, што се обработува како дел од фабричкиот процес за обработување со детално подготвени компоненти и дефиниран опсег на MAN оригинални делови.
Опсег на испорака 100% 100% околу 80%
Предност во однос на цената наспроти MAN оригинален мотор - околу 40% околу 65%
Фактурирање наплата за стариот мотор Дополнителен трошок Дополнителен трошок Дополнителен трошок
Подготвен за испорака ~ 4 работни денови ~ 4 работни денови ~ 2 работни денови
Расположливост На залиха На залиха На залиха

Напомена:

MAN оригиналните делови ecoline не се еднакво достапни во сите земји.

Подготовка што прави вистинска разлика

MAN оригинални делови ecoline - Во ова видео на јасен начин ќе можете да ги видите разликите помеѓу фабричкиот процес за обработување на MAN и поправката на друга одредена локација.

Економична и еколошка предност

MAN оригиналните делови се обработуваат според највисоки стандарди.

MAN оригинален мотор ecoline+

MAN оригиналните мотори ecoline+ се обработуваат според нашите строги стандарди.

MAN оригинални диск-сопирачки: Без компромиси кога станува збор за Вашата безбедност

Секогаш мора безусловно да се потпирате врз сопирачките на Вашето возило.

MAN оригинални диск-сопирачки

Особено во критични сообраќајни ситуации Вие сте одговорни за Вашата сопствена безбедност, за безбедноста на Вашите сопатници или товарот, како и за сите други учесници во сообраќајот. Затоа за диск-сопирачките и облогите на сопирачките мора да вложите посебен и поголем труд. Сопирачките секогаш мора сигурно да функционираат и на најдобар возможен начин бидејќи секој процес на сопирање се извршува одново и во екстремни услови – на пример, кога сопирачката генерира температури до 900°C.

Според тоа, за нашите MAN оригинални диск-сопирачки се применува јасно дефиниран принцип: Нема компромиси кога станува збор за безбедноста и квалитетот! Ние развиваме диск-сопирачки и облоги на сопирачки што функционираат совршено, траат долго и Ви нудат највисока возможна безбедност.

Зошто да користите MAN оригинални диск-сопирачки?

  • Висока безбедност заради константниот ефект на сопирање низ сите температурни опсези
  • Оптимална удобност при возење заради предвидливото чувство од сопирачката при константен притисок врз педалот
  • Долг работен век и ефикасност со оптимален волумен на абење
  • Помало оптоварување врз сопирачката заради помала тежина на облогите
  • Висока заштита од напукнатини на дисковите заради совршената координација на дискот и облогата
  • Зголемен работен век на диск-сопирачката заради идеалното спарување помеѓу процесот на абење и материјалот од кој е изработена облогата

Кон DEKRA извештај од тестирање

Комплети со MAN оригинални делови

Што е најскапо кај едно возило? Времињата на застој заради дефект. Вистинската стратегија за максимална ефикасност претставува сведување на минимум или целосно избегнување на тие времиња.

Ние кон тоа применуваме интегриран пристап, односно мрежа од интелигентни услуги и оптимално координирани производи. Затоа, комплетите со MAN оригинални делови претставуваат добар пример за истото. Во случаи на чести поправки, замената на целата единица најчесто е многу корисно.

Но ова исто така опфаќа и замена на периферните делови, кои исто така треба да се заменат. Општо земено, истото може да претставува финансиски режиски трошок, но индивидуално овие делови би биле значително поскапи, со што на долгорочен план може да се заштеди на труд бидејќи ќе се намалат дополнителните посети на сервисна работилница. Користењето на MAN оригиналните делови исто така може да ги забрза времињата потребни за поправка и да ја оптимизира достапноста на деловите.

Тогаш, тоа би значело

Портфолиото на комплетите со MAN оригинални делови во моментот опфаќа единаесет групи на компоненти, од кои сите преставуваат единечна целина - нема половични.

Преземи брошура

MAN оригинален комплет за поправка на мотор со дихтунг од глава на цилиндар, дихтунг на маслено корито, клипови и кошулка на цилиндар, клипница и лежиште на работилка

MAN оригинален комплет за поправка на мотор (Варијанта M и L)

  • Глава на цилиндар и дихтунг на маслено корито (M)/сите дихтунзи за мотор (L)
  • Клипови и кошулки на цилиндри
  • Клипница (M/L)
  • Лежиште на работилка (L)

Завртки и дихтунзи од MAN оригинален комплет за монтажа на турбо-полнач

MAN оригинален комплет за монтажа на турбо-полнач

  • Завртки и дихтунзи потребни за замената

MAN оригинален комплет со дихтунзи за мотор за секој MAN мотор

MAN оригинален комплет со дихтунзи за мотор

  • Сите релевантни дихтунзи за сите типови варијанти на мотор

MAN оригинален комплет со клипови, клипни прстени, завртки, сигурносни прстени и кошулка на цилиндар

MAN оригинален комплет со клипови

  • Комплетни клипови, вклучително и клипни прстени
  • Навртки и сигурносни прстени
  • Кошулка на цилиндар и дихтунг-прстен

MAN оригинален комплет со глава за мотор и вклучени однапред монтирани влезни и излезни вентили, пружини на вентили и капачиња за вентил

MAN оригинален комплет со глава на цилиндар

  • Глава на цилиндар
  • Соодветни влезни/излезни вентили (однапред монтирани)
  • Пружини на вентили, пружни делови, дел со топче и пружина (однапред монтирани)

MAN оригинален филтер за дизел честички и потребни дихтунзи

MAN оригинален комплет со филтер за дизел честички

  • Филтер за дизел честички
  • Потребни дихтунзи

MAN оригинален комплет за одржување на филтри со елемент за филтер за гориво, елемент за филтер за моторно масло, влошка од филтер за воздух и филтер за воздух за кабина

MAN оригинален комплет за одржување на филтри

  • Елемент за филтер за гориво
  • Елемент за филтер за моторно масло
  • Влошка од филтер за воздух
  • Филтер за воздух за кабина
  • Сите потребни дихтунзи

MAN оригинален комплет за затегнување на ремени

MAN оригинален комплет за затегнување на ремени

  • Клинести ремен
  • Потребен затегнувач на ремен

MAN оригиналниот комплет со диск-сопирачки содржи две диск-сопирачки и сет од заменски облоги за диск-сопирачки

MAN оригинален комплет со диск-сопирачки

  • Диск-сопирачки (две во еден пакет)
  • Сет од заменски облоги за диск-сопирачки (еден сет опфаќа четири облоги за сопирање)

MAN оригинален комплет со спојка ecoline што опфаќа ламела, потисна плоча, потисно лежиште и лежиште-водич

MAN оригинален комплет со спојка ecoline

  • Ламела и потисна плоча
  • Потисно лежиште
  • И доколку е потребно, лежиште-водич со потребните завртки

MAN оригинален комплет за главно лежиште со вклучено главно лежиште и лежишта за клипници, дихтунг на маслено корито и дихтунг за систем за ладење на интеркулер

MAN оригинален комплет за главно лежиште

  • Главно лежиште и лежишта за клипници
  • Дихтунг на маслено корито
  • Дихтунг за систем за ладење на интеркулер
  • Потребни завртки и придружни мали делови


Две години гаранција

Две години гаранција

Две години гаранција на MAN сервис и делови

Двегодишната гаранција од MAN Truck & Bus SE важи за сите поправки спроведени од1 во овластените сервисни центри на MAN2, доколку за истите поправки се употребени MAN оригинални делови, MAN оригинални делови ecoline, како и MAN оригинална дополнителна опрема. Обемот на услугите е идентичен како и со досегашната едногодишна одговорност за гаранција.

Преземи леток

Дополнителни информации можете да разгледате во нашите општи одредби и услови.

1 Види важност на општите одредби и услови.
2 Сопствени сервиси на MAN и партнери со кои соработуваме.


Ние сме овде за Вас

MAN е професионален партнер кој е секогаш на Ваша страна: Дознајте повеќе за нашиот севкупен делокруг на услуги или контактирајте нè.

Преглед на услуга

Преглед на услуги

Бидејќи најдобрите услуги можат и најдобрата работа да ја направат уште подобра. Овде дознајте повеќе за услугите што ги нуди MAN.

Кон преглед на товарно возило

Контакт за сервис

Формулар за контакт

Дали имате какви било прашања во врска со понудата на услуги од MAN? Ве молиме контактирајте нè. Со задоволство ќе Ве информираме.

Пребарување за сервисни центри на MAN

Пронајдете сервисен центар на MAN

Со пребарувањето за работилница и овластен продавач, ќе ја пронајдете правилната личност за контакт со MAN во Ваша близина.