MAN ServiceContracts

MAN ServiceContracts

Предности за Вас

  • Индивидуална услуга, паушална цена
  • Намалете ги трошоците и зголемете ја достапноста на возилото
  • Вистинско решение за секое барање

Локален контакт Преземи брошура

Договорот претставува ветување.

Го имате нашиот збор. И нашата услуга. Безбедноста е секогаш добредојдена, и тоа во секој поглед, а особено во однос на бизнисот. Безбедноста претставува минимизирање на ризикот.

Минимизирајте ги ризиците

Во транспортниот сектор, на пример ризиците се случуваат неочекувано притоа создавајќи дополнителни трошоци за поправка или дефекти на возилото. MAN ServiceContracts заштитуваат од овие ризици и од непредвидени трошоци, што всушност претставува услуга што ги интегрира сите услуги и контроли во рамки на чиј делокруг услугите можат индивидуално да се продолжат.

Нема повеќе потреба од администрација

Со MAN ServiceContracts, Вашите возила можат да бидат професионално проверени во 1.300 овластени сервисни центри ширум Европа. Во исто време, со MAN ServiceContracts повеќе нема потреба од администрација така што уште повеќе ќе можете да се фокусирате на Вашиот бизнис, а трошоците за одржување и сервис повеќе нема да варираат или да бидат непознати - тоа можеме да Ви го ветиме.


Сè што правилно, можеме да Ви го гарантираме

MAN ServiceContracts имаат за цел да ги намалат трошоците и да ја зголемат достапноста на возилото. Различните модели можат да се комбинираат помеѓу себе и со тоа оптимално да се прилагодат MAN ServiceContracts според индивидуалните барања на клиентот.

MAN ServiceContracts се селективни во поглед на делокругот и со тоа гарантираат максимална заштита со минимален труд. Сите MAN ServiceContracts вклучуваат MAN ServiceCare, нашиот систем за проактивно управување со одржувањето.

*Проактивно управување со одржување

ComfortOil

Со оваа услуга ние Ви нудиме евтин производ за осигурување на квалитетот на возилото на повеќе нивоа преку оптимална услуга и совршени моторни масла за моторот, оските и менувачот (вклучително и прилагодување на зазорите на вентилите). Продолжувањето на гаранцијата за погонската група или за целото возило може да се измени и надополни.

ComfortSuper

Во дополнување кон услугите обезбедени со договорите за сервис Comfort, ComfortSuper ги опфаќа сите поправки врз целото возило. Овој договор ги сеопфатно ги вклучува сите скапи делови од Вашето возило.

Comfort

Сите сервиси и контроли наведени во планот за одржување на Вашето возлило се вклучени во овој пакет.

ComfortManaged

ComfortManaged нуди сеопфатно и едноставно управување со Вашиот возен парк и тоа за сите брендови и типови на комерцијални возила, вклучително и приколки и полуприколки преку флексибилни услови и делокрузи на услуги.

ComfortPlus

ComfortPlus нуди продолжување на гаранцијата како една од услугите од сервисните договори Comfort. Овде основата е гаранцијата за погонската група, што може да се измени и надополни со опционалниот пакет за проширување или алтернативно да се поодолжи со опфаќање на целото возило.


TopUsed

Бидејќи ние секогаш сме сигурни. MAN TopUsed понудите ги опфаќаат нашите користени комерцијални возила, што се разликуваат од новите возило во единствено во една работа: Истите се користени. Од технички гледна точка, овие возила се беспрекорно и детално проверени во секој поглед.

Специфични договори за сервисирање, како и продолжувања на гаранциите се исто така достапни за користените возила од програмата MAN TopUsed и тоа без ограничувања, на пример како гаранција за погонската група со време на работење до 24 месеци и вкупна измината километража на возилото до 1.000.000 километри. Меѓу другото: Кога купувате MAN TopUsed возило со печат за одобрување од највисока категорија, гаранцијата за погонската група е веќе вклучена во куповната цена.

Преглед на Вашите предности

Сигурност при планирање и калкулација на трошоците

Сосема е јасно: Заштита од финансиски изненадувања, бидејќи со MAN ServiceContracts значително ќе ги намалите ризиците од трошоци заради непланирани поправки како што старее Вашето возило. Дополнителна добивка: Оптимално прилагодената технологија во возилото значи и забележливи заштеди во потрошувачката на гориво.

„One-Stop-Shopping“ – сè на едно место

Кратки патеки, една личност за контакт, комплетна услуга, справување дури и со работи за одржување, контрола на фактурирање и одговарање на прашања за гаранција и гудвил. Ние ќе се погрижиме за сè за Вие да можете да се концентрирате на неопходностите: На Вашата работа.

Оптимална состојба на возило

Професионалци за професионалци. Професионалните услуги за одржување и поправки извршени од страна на обучен сервисен персонал кој работи исклучително со MAN оригинални делови, како и MAN оригинални делови ecoline, гарантираат максимална безбедност и функционалност на MAN возилата.

Намалување на времето на застој

Предвидливото планирање и превентивните поправки се од големо значење во постигнувањето на Вашата цел за значително повисока оперативна безбедност на MAN возилата. Оптимизирана достапност, ефикасност и заштеда во однос на трошоците - поголема примена, поголема добивка.


Ние сме овде за Вас

MAN е професионален партнер кој е секогаш на Ваша страна: Дознајте повеќе за нашиот севкупен делокруг на услуги или контактирајте нè.

Преглед на услуга

Преглед на услуги

Бидејќи најдобрите услуги можат и најдобрата работа да ја направат уште подобра. Овде дознајте повеќе за услугите што ги нуди MAN.

Кон преглед на товарно возило

Контакт за сервис

Формулар за контакт

Дали имате какви било прашања во врска со понудата на услуги од MAN? Ве молиме контактирајте нè. Со задоволство ќе Ве информираме.

Пребарување за сервисни центри на MAN

Пронајдете сервисен центар на MAN

Со пребарувањето за работилница и овластен продавач, ќе ја пронајдете правилната личност за контакт со MAN во Ваша близина.