MAN оригинална дополнителна опрема

Оригинална дополнителна опрема

Предности за Вас

  • Две години гаранција на MAN сервис и делови - исто така важи и за MAN оригиналната дополнителна опрема
  • Стандардизиран процес за нарачка и испорака во секоја овластена сервисна работилница на MAN
  • Сигурни производи тестирани согласно со фабричките стандарди на MAN
  • Совршени за Вашиот MAN

Локален контакт

MAN оригинална дополнителна опрема - бидејќи комфорот не е секогаш ист.

Со MAN Вие секогаш сте навикнати на најдобар квалитет и оптимална функционалност. Затоа секогаш ќе ги чувствувате придобивките од обезбедената MAN оригинална дополнителна опрема.

MAN оригиналната дополнителна опрема Ви нуди делови што се совршени за Вашиот камион, автобус или комби возило и истите ќе го персонализираат Вашето возило на Ваш индивидуален начин. MAN оригиналната дополнителна опрема не само што Ви нуди возможност да го персонализирате Вашето работно место, туку и нуди на компанијата и начин како да ја зголеми ефикасноста. Овие делови обезбедуваат комфорна и безбедна работа околина која е скроена според Вашите индивидуални потреби.

Индивидуални прилагодувања за Вашето возило

Совршени и висококвалитетни производи

Со MAN оригиналната дополнителна опрема што е специфично достапна за Вашиот транспортер можете да ја проширите функционалноста на Вашето MAN TGE за скоро секоја работа. Совршено совпаѓање и висок квалитет, ние секогаш Ви нудиме атрактивни производи за примена во областа на транспортот, комфорот и дизајнот.

Со MAN оригиналната дополнителна опрема можете индивидуално да го приспособите Вашето MAN TGE според Вашите потреби и цели.

MAN оригинални кровни клима уреди

За релаксирачки одмор.

Со MAN оригиналните фиксни клима уреди, возачот на камионот може да ги помине периодите предвидени за одмор во својата кабина без притоа да мора моторот да работи со часови и да потроши големи количини на гориво. Добро одморен возач значи и зголемена безбедност. Високоефикасната технологија дозволува брзо и сигурно разладување во период и до 12 часа со ниски оперативни трошоци. Компактниот кровен клима уред за камион напојуван од батериите може многу лесно да се монтира во постојниот отвор во кровот.

Напомена: Се препорачува опремување на возилото со батерија од 225 Ah и помоќен Generator Longlife Eco. Не смее да биде вклучена однапред поставената системска заштита за намален напон. Пред да започнете да користите друг потрошувач на електрична енергија, ние Ви препорачуваме да го стартувате возилото на подолг период по користење на системот за да избегнете прекумерно празнење. Доколку фиксниот клима уред ја промени висината на возилото, истото треба да се документи во документите за возилото. Доколку истите се ограничени во однос на техничките димензии и тежини, националните прописи се земаат како валидни во однос на технички дозволивите димензии и тежини. Се препорачува монтажа од страна на овластен сервис на MAN. Побарајте детални информации од Вашиот овластен сервис на MAN.

Со трите достапни различни верзии, постои решение за секоја Ваша потреба:

RTX 1000

  • 1.200 W капацитет за ладење
  • До 12 часа време на работење при максимален капацитет за ладење
  • Прецизна контрола на температура
  • Boost-режим на ладење за брзо ладење

RTX 2000

  • 2.000 W капацитет за ладење
  • До 6 часа време на работење при максимален капацитет за ладење
  • До 12 часа време на работење при средноевропски температури
  • Прецизна контрола на температура
  • Boost-режим на ладење за брзо ладење

SP 950

  • 850 W капацитет за ладење
  • Рамната кровна единица многу малку влијае врз целокупната висина на кровот
  • Возможно е монтирање под спојлерот
  • Монтажа со користење на постојните точки за спојување
  • Исто така погоден и за MAN XLX кабини со спојлер на кров

MAN BirdView

Префрлете во преглед на птичја перспектива: Нашиот видеосистем за помош го покажува посредното опколување на возилото во преглед од 360° - вклучително и сите слепи точки.

Повеќе информации

Камера-систем BirdView 360°

Имајте ја околината во перспектива

Камера-системот MAN 360° BirdView претставува моќна HD-TVI околина на систем за откривање.

Со висока резолуција и видно поле од 360°, овој систем овозможува најдобра возможна видливост при тешки маневри и осигурува поголема безбедност при вртење. Четирите камери осигуруваат безбеден и севкупен преглед. Со предните, задни и странични широкоаголни леќи со видно поле од 180°, видното поле на возачот се зголемува за 90° кон лево и кон десно, дури и од предниот или задниот дел на возилото. Да кажеме дека може да гледа и „зад аголот“, ако е потребно. Системот поддржува тешки маневри, теренско возење или возење по ридови во збунувачки ситуации.

Сликата од камерите дигитално се обработува и прикажува во реално време на екран сои големина од 7 инчи.

Карактеристики
Одговора за TG модели: Соло возило (без приколка и полуприколка)
Фиксна надградба
Максимална должина на возило: 14 m
Максимална ширина на возило: 2,6 m
Висина на возило (Висина на камерите): мин. 1,5 m, макс. 4 m
Одговора за модели на автобус: Максимална должина на возило: 14 m
Максимална ширина на возило: 2,6 m
Висина на возило (Висина на камерите): макс. 4 m
Резолуција на камера: 1.280 x 720 px
Опционална дополнителна опрема: Видеорекордер

MAN систем од камери: Дополнителна безбедност специјално дизајнирана за камион

Сега бидете целосно опколени со безбедност!

Нема повеќе безбедносни ризици заради слепи точки и скриени области: Иновативниот MAN систем од камери ја следи сообраќајната ситуација околу Вашето возило - кога вртите и менувате коловозни ленти, како и кога возите наназад или кога маневрирате во ограничени простори.

Кон MAN After Sales Portal за да откриете повеќе за системот од камери


Ние сме овде за Вас

MAN е професионален партнер кој е секогаш на Ваша страна: Дознајте повеќе за нашиот севкупен делокруг на услуги или контактирајте нè.

Преглед на услуга

Преглед на услуги

Бидејќи најдобрите услуги можат и најдобрата работа да ја направат уште подобра. Овде дознајте повеќе за услугите што ги нуди MAN.

Кон преглед на товарно возило

Контакт за сервис

Формулар за контакт

Дали имате какви било прашања во врска со понудата на услуги од MAN? Ве молиме контактирајте нè. Со задоволство ќе Ве информираме.

Пребарување за сервисни центри на MAN

Пронајдете сервисен центар на MAN

Со пребарувањето за работилница и овластен продавач, ќе ја пронајдете правилната личност за контакт со MAN во Ваша близина.